Одржан 63. состанок на асоцијативните членки на Европската Банкарска Федерација (ЕБФ)

На 17 октомври 2025 година во Тирана, Албанија, се одржа 63. состанок на асоцијативните членки на Европската банкарска федерација (ЕБФ), чиј домаќин беше Албанската асоцијација на банки. Македонската банкарска асоцијација на состанокот ја претставуваше извршниот секретар, м-р Милена Перчинкова.

Состанокот, на кој што присуствуваа претставници од асоцијативните членки на ЕБФ од цела Европа и регионот беше уште една шанса за размена на мислења за клучни теми од европската и национална перспектива, како и споделување на главните случувања и приоритети на банкарскиот сектор.

Дискусиите се фокусираа на дигитализацијата, плаќањата, финансиската едукација, иновации и развој на вештини на вработените, создавајќи вредна платформа за размена на искуства и најдобри практики.

niksa

About niksa