МБА на 24. Годишна конференција на Македонска берза
И оваа година, Македонската банкарска асоцијација (МБА) ја потврди својата посветеност кон развојот на финансиските пазари преку активно учество на 24. Годишна конференција на Македонска берза – еден од најзначајните настани во областа на финансиите и пазарот на капитал во земјава.
МБА беше претставена од врвни професионалци, претседавачи и членови на комисии кои со своето искуство и експертиза даваат значаен придонес кон унапредување на банкарскиот и финансискиот сектор: Глигор Пандиловски – претседавач на Комисијата за СПП и усогласеност со прописите, Стопанска банка АД Скопје; Донка Марковска – претседавач на Комисијата за сметководство, даноци и МСФИ, НЛБ банка АД Скопје; Ивица Ѓорѓевски – претседавач на Комисијата за информативна сигурност, Стопанска банка АД Скопје; Богоја Китанчев – претседавач на Комисијата за ЕСГ, НЛБ банка АД Скопје; Маја Ставрева-Стојанова – заменик-претседавач на Комисијата за ЕСГ, Шпаркасе банка АД Скопје и Дерја Хамза Сефери – член на Правната комисија, Халк банка АД Скопје.

Во две извонредни панел дискусии, своите ставови ги споделија Златица Трпеска Цивкароски, претседавач на Комисијата за финансиско реструктурирање со корпоративен долг и член на Управен Одбор во Шпаркасе банка АД Скопје, на панелот ,,Некој, на берза“ и Горазд Поповски, претседавач на Правната комисија, Стопанска банка АД Скопје на панелот „Добри практики за корпоративно управување – норматива v.s. пракса“.


Со повеќе од 35 говорници и панелисти од различни земји, настанот уште еднаш ја потврди својата улога како водечка платформа за размена на знаење, идеи и визии за иднината на финансискиот сектор. Македонската банкарска асоцијација со своето активно учество ја зацврсти својата позиција како партнер во градењето на стабилен, одржлив и конкурентен финансиски систем.