МБА на 23. годишна конференција на Македонската берза
Претставниците на МБА имаа можност да присуствуваат на три главни панела, интересни презентации и интервјуа на кои учествуваа околу 30 говорници и панелисти од 10 различни држави, како и на социјални настани.
На 23. годишна конференција на Македонската берза што се одржа на 19. и 20. септември во Охрид, Македонската банкарска асоцијација ја претставуваа: Горазд Поповски – претседавач на Правната комисија од Стопанска банка АД Скопје, Билјана Момировска – претседавач на Комисијата за ризици од Шпаркасе банка АД Скопје, Благица Здравковска – претседавач на Комисијата за платен промет во земјата и странство од УНИ банка АД Скопје, Антигона Буклеска – Младеновиќ – претседавач на Комисијата за ликвидност од Комерцијална банка АД Скопје, Кристина Трпезановска – заменик-претседавач на Комисијата за информативна сигурност и член на Комисијата за ризици од ПроКредит банка АД Скопје, и Сања Гичевска – Докмановиќ – член на Комисијата за ЕСГ од Комерцијална банка АД Скопје.

Годишните конференции на Македонската берза АД Скопје веќе две децении претставуваат одлична можност за претставниците од финансискиот сектор и индустријата на хартии од вредност, котираните компании и другите друштва, државните институции и универзитетите и сите останатите субјекти чија дејност е поврзана со работењето или инвестирањето во хартии од вредноста да се запознаат со новините на пазарот на капитал.

