Македонската банкараска асоцијација на семинар организиран од Комората на извршители
Од 28 до 30 ноември 2025 година, во Охрид се одржа семинар во организација на Комората на извршители на РСМ, на кој учествуваше и Македонската банкарска асоцијација. На настанот, како еден од говорниците се обрати Стефанија Красиќ, директор на Дирекцијата за наплата на ризични побарувања во Халк Банка АД Скопје, која говореше на тема „Проблеми во наплатата на побарувањата“.
Дводневната програма на семинарот опфати повеќе значајни теми, меѓу кои: Кодексот на етика на извршителите, извршност на нотарски акти без клаузула за извршност, дискусија за НПН решенија (правосилни и извршни), проблеми во процесот на наплата на побарувања, извршување врз акции и обврзници, како и разгледување на тековни прашања и проблеми со кои се соочуваат извршителите.
Покрај МБА, на семинарот учествуваа и претставници од Министерството за правда, Адвокатската комора и Македонското кредитно биро.




