Kомисија за спречување перење пари и усогласеност со прописи
Во насока на промоција и презентација на Македонската банкарска асоцијација (МБА) пред јавноста, во следните месеци ќе ги презентираме комисиите кои како постојани работни тела функционираат во рамките на МБА и нивните челници.
КОМИСИЈА ЗА СПРЕЧУВАЊЕ ПЕРЕЊЕ ПАРИ И УСОГЛАСЕНОСТ СО ПРОПИСИ
Претседавач на Комисијата за СПП и усогласеност со прописи е Глигор Пандиловски, директор на Сектор за контрола на усогласеноста на работењето на банката со прописите во СТОПАНСКА БАНКА АД Скопје, а заменик-претседавач е м-р Бојана Цветковска Панчевска, овластено лице за спречување перење пари и финансирање тероризам во КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА АД Скопје.
Комисијата во рамките на своите надлежност ги врши следните работи:
- континуирано ја следи примената на прописите и супервизорските стандарди од областа на банкарското работење и спречувањето на перењето пари и финансирањето на тероризмот,
- воспоставувње на ефикасен систем за примена на прописите кои го регулираат банкарското работење
- соработува со надлежни институции во РСМ од областа на банкарското работење, спречување на перење пари и финансирање на тероризмот, заштита на лични податоци итн (како што се НБРСМ, Управата за финансиско разузнавање, Агенција за заштита на лични податоци, Министерства итн),
- донесува Заклучоци, Препораки, Инструкции, изготвува предлог-измени на законски и подзаконски акти, дава иницијативи и предлози за подобрување на целокупното работење на банките од областа на спречување на перење пари и финансирање на тероризмот и целокупното банкарска работење итн.
„Функцијата на усогласеност со регулативата и управувањето со ризик од неусогласенсот во целост треба да бидат во согласност со стратегијата и деловниот план на банката, со стратегијата за управување со ризиците и во согласност со апетитите за преземање на ризици.”
Глигор Пандиловски е директор на Сектор за контрола на усогласеноста на работењето на Стопанска банка АД Скопје со прописите и претседавач на Комисијата за спречување на перење пари и усогласеност со прописите при Македонската банкарска асоцијација. Тој ги заврши своите магистерски студии, извршен МБА по бизнис администрација и менаџмент на Универзитетот во Шефилд. Поседува сертификати за специјалист за усогласеност со регулативата и овластен специјалист за спречување перење пари (CAMS). Глигор има долгогодишно искуство во банкарскиот сектор во областа на воспоставување на ефикасни внатрешни процедури и организациски структури за соочување и управување на можните ризици поврзани со усогласеноста со важечката регулатива и регулативата за спречување перење пари и финансирање на тероризам.
Функцијата претседавач на Комисијата за спречување на перење пари и усогласеност со прописите при Македонската банкарска асоцијација ја врши од 2020 година, а добитник е и на две благодарници за особен придонес за работата на МБА.
Важноста и динамичните промени во оваа област се секојдневие за м-р Бојана Цветковска Панчевска, заменик-претседавач на Комисијата за спречување перење пари и усогласеност со прописи во МБА и Овластено лице за спречување перење пари и финансирање тероризам во Комерцијална банка.
Како специјалист за спречување перење пари, Бојана Цветковска Панчевска е запознаена со соодветната национална и меѓународна регулатива и активно учествува во соработката со бројни домашни и меѓународни институции. За нејзиниот огромен придонес во работењето на Комисијата при МБА добитник е на благодарници за 2019, 2021 и 2022 година. Во Комерцијална банка е вработена од 2001 година, а од 2013 година ја извршува функцијата Овластено лице за спречување перење пари и финансирање тероризам, при што поседува и меѓународна лиценца CAMS – Certified AntiMoney Laundering Specialist.