Jакнe соработката на Македонската банкарска асоцијација со банкарските здруженија од регионот

Владимир Васиќ, генералниот секретар на  Здружението на банки на Република Србија во посета на Македонската банкарска асоцијација

На 22.06.2021 година, во просториите на Македонската банкарска асоцијација се одржа работна средба со Здружението на банки на Србија (Удружење банака Србије).

На средбата од страна на Македонската банкарска асоцијација присуствуваа претседателот на Асоцијацијата, д-р Маја Стевкова-Штериева, заменик претседателот, м-р Тони Стојановски, и извршниот секретар, м-р Милена Перчинкова. Од страна на Здружението на банки на Србија присуствуваше генералниот секретар, г-дин Владимир Васиќ.

На средбата се споделија искуства од работењето и активностите превземени од страна на Македонската банкарска асоцијација и Здружението на банки на Србија во претходниот период, за време на корона кризата. Исто така, на средбата се дискутираше за интензивирање и унапредување на воспоставената соработка помеѓу  двете здруженија.

niksa

About niksa