Извршниот секретар на панел дискусија за улогата на националните здруженија на банки во трансформација на општеството
Здружението на банки на Србија по повод 100 години од основање на Здружението, 50 години од издавање на првиот број на весникот Банкарство и 20 години од основање на Центарот за банкарска обука, на 3-ти и 4-ти ноември организираше виртуелна конференција под наслов: Стратегиско деловно управување – синергија на човечки капитал и трансформации во опкружувањето кое се менува.
На панел дискусијата на тема: „Улога на банките и на националните здруженија во трансформација на општеството – актуелни предизвици и значење на човечкиот капитал сега и во иднина“ , на која присуствуваа претставници од сите земји од поренешните ЈУ простори, се вклучи извршниот секретар на Македонската банкарска асоцијација.
Таа рече дека одржливото финансирање и одговорното однесување се приоритет на агендата на Македонската банкарска асоцијација во која оперативно работат 12 комисии од разни области и во кои се вклучени повеќе од 200 врвни професионалци од банкарскиот сектор.
Истакна дека овој силен стручен човечки потенцијал секојдневно работи на унапредување на интересите на целиот банкарски сектор, но е ставен и на располагање на сите институции во делокругот на работењето на МБА, во интерес на сите клиенти, а со тоа и на граѓаните на нашата држава.