ИДНИНАТА НА БАНКАРСТВОТО според Дејвид Ѓори, извршен директор на Banking Reports Limited Лондон

Вчера, 16.4.2024 година, во Македонската банкарска асоцијација свое видување за иднината на банкарството даде Дејвид Ѓори, извршниот директор на Banking Reports Limited Лондон.

Дејвид Ѓори е глобално познат тренер за финансиска технологија, коавтор на пет меѓународно објавени книги, консултант и говорник, еден од „Топ 50 глобални мисловни лидери и инфлуенсери на FinTech“.

Тој има повеќе клучни меѓународни позиции: Основачки член на Светската асоцијација за финансиска технологија – FinTech (Сеул); Директор за меѓународни ресурси во Asian Banker Group (Сингапур); Член на Одборот на судии во „Програмата за меѓународна извонредност во финансиските услуги на мало“ како и член на Одборот на судии на „Програма за награди за иновации во финансиската технологија“ (Сингапур).

Неговато согледување за иднината на банкарството го презентираше преку 17 клучни поенти, кои на последниот слајд беа претставени во форма на акроним: THE SKOPJE STRATEGY.

Му благодариме на Дејвид Ѓори за неговата енергична презентација!

niksa

About niksa