Дискусија на тема „Директивата за НПЛ (2021/2167) – Презентација на новитети, коментар и анализа за локалниот пазар“

Вчера, 26.3.2024 година, претставниците на Комисијата за ризици и Комисијата за финансиско реструктурирање на корпоративен долг при Македонската банкарска асоцијација и ЕОС Матрикс одржаа стручна дискусија со фокус на предизвиците и корисностите од развојот на длабок и ликвиден секундарен финансиски пазар во земјата.

Клучните аспекти на Европската Директива која се однесува на нефункционалните пласмани ги претстави проф.д-р Катерина Бошевска, генерална директорка на ЕОС Матрикс во Македонија и Косово, изложувајќи со нив и вредни заклучоци од Стрес Тестот на Европската централна банка од 2023 година.

Потоа, заедно со претседавачите на Комисијата за ризици и Комисијата за финансиско реструктурирање на корпоративен долг при Македонската банкарска асоцијација беше направена компарација со локалното опкружување и условите на домашниот пазар.

Дискусијата за тоа каква е локалната состојба во споредба со резултатите од Стрес тестот на ЕЦБ беше поттикната од главните точки:

  • Изложеностите во необезбедени потрошувачки и корпоративни кредити се најчувствителни на намалената економска активност комбинирано со високи каматни стапки.
  • Портфолиото на необезбедени потрошувачки кредити покажува повисоки стапки на Non-Performing Exposure (NPE).
  • Ризиците на изложености во комерцијални недвижности (Commercial Real-Estate) се зголемени во последниве години.
  • Изложеностите на променливи каматни стапка покажуваат повисоки ризици.

Овој фокусиран разговор меѓу експертите покажа дека домашниот пазар има голем потенцијал.

niksa

About niksa