Благодарници за особен придонес во работата на МБА во 2020 година
Традиционално, и оваа година, Собранието на Македонската банкарска асоцијација додели благодарници за особен придонес во работата на асоцијацијата.
Благодарници за својата работа во 2020 година добија членовите на Правната комисија Виолета Јанева, претседавач, од НЛБ банка АД Скопје, Горазд Поповски, заменик претседавач, од Стопанска банка АД Скопје и Теодора Гушкова, член, од Комерцијална банка АД Скопје како и претседавачот на Комисијата за информативна сигурност Живко Атанасов од Стопанска банка АД Битола.
Признание добија и членовите на работната група за проект Домашна платежна картичка и работната група за предлог – законот за платежни услуги и платни системи Киро Чадиковски од Комерцијална банка АД Скопје, Стефан Пеповски од Стопанска банка АД Скопје и Александар Атанасовски од НЛБ банка АД Скопје.
За ИТ поддршка на националниот натпревар на Европскиот квиз на пари и Денот на штедењето благодарница доби Сашко Саздовски од Стопанска банка АД Битола.
Поради корона кризата не се организираше настан за да се афирмира нивниот придонес, активност и ангажирање. Македонската банкарска асоцијација се надева дека нивната посветеност ќе продолжи и во годините што следат.