Нaградените со мотив повеќе
Дејан Андоновски,
НЛБ Банка АД Скопје:
Многу ме изнанади оваа награда, особено што претходните шест години работев на друго работно место. Многу ми значи. Не е безначајна, бидејќи мотивира со ист жар да продолжам понатаму.
Ивана Алексовска,
Халк банка АД Скопје:
Искрено не очекував. Изненадена сум. Многу сум горда и благодарна на колегите. Ова покажува дека мојот труд се цени, почитува и вреднува. Секој мал чекор на поединецот води кон успех на целата банка.
Драган Бојковски,
Стопанска банка АД Скопје:
Ова е признание за постигнатите резултати на индивидуално ниво. Покажува дека банката ги цени моите напори и успеси. Ова е мотив повеќе за искачување на повисоко скалило во финансискиот сектор.
Марјана Крстевска,
Стопанска банка АД Битола:
Не. Не очекував, бидејќи веќе еднаш бев наградена во 2003 година. Но, резултатите од мојот труд говорат и ме исполнуваат со гордост. Тие се доказ за мојата посветеност. Мотив за натамошни успеси.
Поврзани вести:
МБА и Фондот за осигурување депозити ги учат младите на штедење
МБА и Фондот за осигурување на депозити го одбележаа Светскиот ден на штедењето