Министерката Царовска ги презентираше можностите од Законот за практиканство на претставниците на Македонската банкарска асоцијација

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска со својот тим го промовираше новиот Закон за практиканство пред претставниците на членките на Македонската банкарска асоцијација.

На презентацијата на овој нов Закон чија основна цел е заштита на практикантите од една страна , но и овозможување на работодавачите да ги изберат најдобрите од друга, беше истакнато дека практиканството не е ниту волонтирање, ниту пак приправнички стаж и треба на младите луѓе да им даде можност за стекнување знаења и практики со кои поуспешно ќе се појават на пазарот на труд.

“На иницијатива на стопанските комори направивме законска рамка со којашто се дава простор компаниите да ангажираат млади лица на практична работа. На овој начин ја зголемуваме вработливоста на младите лица, но и можноста за избор на квалитетен кадар”, рече министерката Царовска на состанокот.

Претседателката на Македонска банкарска асоцијација, д-р Маја Стевкова-Штериева, истакна дека овој законски акт може да биде од полза на банките пред се со критичните позиции во овој момент –ИТ стручњаците, чии флуктации влијаат на работењето. Со овој закон практикантите може да бидат и со средно образование и тоа е првиот сегмент кој треба да ги заинтересира банките.

Од претставниците на банките следуваа прашања за некои конкретни правни дилеми кои произлегуваат од законскиот текст.

niksa

About niksa