МБА додели признанија за 2019 година

Вчера, 16.12.2019 година, на предновогодишно дружење на Македонската банкарска асоцијација заменик претседателот, Тони Стојановски, им додели признание на лицата со особен придонес во работата на Македонската банкарска асоцијација за 2019 година.

Лицата со особен придонес во работата на Македонската банкарска асоцијација за 2019 година се: Бојана Цветковска Панчевска и Дијана Рикаловска од Комисијата за спречување перење пари и усогласеност со прописи, Ирена Кузманоска од Комисијата за сметководство, даноци и МСФИ, Андреј Ефтимов од Комисијата за документарно работење, Билјана Митевска од Комисијата за платен промет во земјата и странство, Ѓорѓи Палевски од Комисијата за работа со хартии од вредност и Ратка Тиричовска за континуираната маркетинг поддршка на Македонската банкарска асоцијација.

Заменик претседателот им се заблагодари за нивната несебична поддршка и придонес во работата на Македонската банкарска асоцијација за 2019 година и укажа на надежта истата да продолжи и во 2020 година.

niksa

About niksa