Интербалкански форум на банкарските здруженија

На иницијатива на Грчката банкарска асоцијација на 16 октомври 2019 година во Атина беше организиран состанок на генералните секретари на банкарските здруженија на Албанија, Кипар, Грција, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија со цел да се зајакнат односите помеѓу банкарските здруженија на Балканот.

Заедничкото верување на сите учесници е дека оваа средба претставува основа за воспоставување посилни врски помеѓу банкарските заедници од регионот на Балканот.

„Банките во нашите земји се повеќе се соочуваат со голема конкуренција кај финансиските услуги, како дома така и во странство. Исправени сме пред многу заеднички предизвици и со нашето обединување започнуваме подобро да се разбираме што може да биде важно како за нашите деловни интереси, така и за растечките трговски и финансиски врски меѓу нас“, рече г-ѓа Харула Апалагаки, генерален секретар на Грчката банкарска асоцијација, која беше домаќин на состанокот.

Главните теми кои беше договорено да бидат заеднички приоритет се:

  • Репутацијата на банкарскиот систем, со акцент на општествената одговорност и активности за финансиската писменост.
  • Финансирање на раст и одржливо финансирање (односно стандард за зелените обврзници и усвојување на Иницијативата за финансирање на животната средина на Обединетите нации односно на Принципите за одговорно банкарство).
  • Информативната сигурност и иновациите како клучни елементи на дигиталната трансформација на банките.

На состанокот беше одлучено состаноците на Интербалканскиот форум на банкарските здруженија да се одржуваат двапати годишно во март и октомври, на принцип на ротација.

niksa

About niksa