Меѓународна соработка

Со своето основање Македонската банкарска асоцијација стана асоцијативна членка на Европската банкарска федерација.

Европската банкарска федерација е гласот на европскиот банкарски сектор. Обединува 32 национални банкарски асоцијации во Европа кои заедно претставуваат околу 5.981 банки – големи и мали, локални и меѓународни – кои вработуваат околу 2,6 милиони луѓе.

www.ebf.eu

На 28.10.2019 година, на 39-тата Регионална конференција што се одржа во Будимпешта, Унгарија, Македонската банкарска асоцијација (МБА) и Банкарската асоцијација на Централна и Источна Европа (БАЦЕЕ) потпишаа договор за долгорочна соработка.

Договорот кој го потпишаа претседателката на МБА, д-р Маја Стевкова Штериева и генералниот секретар на БАСЕЕ, Иштван Ленгел, предвидува соработка за заедничко промовирање на развојот на финансискиот сектор како и теми кои вклучуваат банкарска регулатива, развој на финансиски пазари, дигитализација, усогласеност со прописи, корпоративно управување.

bacee.hu

На 15.6.2021 година, Македонската банкарска асоцијација стана 18. членка на Меѓународниот координативен совет на банкарски здруженија – Меѓународен банкарски совет. Меѓународниот банкарски совет е основан во септември 2004 година од банкарските асоцијации на Руската Федерација, Белорусија, Република Казахстан, Република Киргистан и земјите од Централна и од Источна Европа со цел меѓусебна размена на професионално искуство и воспоставување заемно разбирање и доверба помеѓу банкарските асоцијации.

asros.ru/international/council