Прв претседател на Македонска банкарска асоцијација е Коста Митровски. На основачкото Собрание на Македонска банкарска асоцијација одржано на 20.04.2018 година, Собранието го избра и именува Коста Митровски за Претседател на Македонска банкарска асоцијација. Оваа функција Коста Митровски ја врши се до 12.06.2019 година кога предвреме му завршува мандатот поради престанок на неговата функција како член на Управенот одбор на Уни банка АД Скопје. На негово место Собранието ја избира и именува Маја Стевкова-Штериева, главен финансиски директор и член на Управниот одбор на Комерцијална банка АД Скопје.
За претседавач на Правната Комисија од формирањето на Македонска банкарска асоцијација како самостојно правно лице па се до 08.11.2018 година беше избрана Надица Ценева од НЛБ банка АД Скопје. На седницата на Собрание одржана на 08.11.2018 година за претседавач на Правната Комисија е избрана Виолета Јанева од НЛБ банка АД Скопје.
На 27.12.2022 година Собранието го именува Горазд Поповски од Стопанска банка АД Скопје за нов претседавач на Комисијата, додека Виолета Јанева е избрана за заменик претседавач.
За претседавач на Комисијата за спречување перење пари и усогласеност со прописи од формирањето на Македонска банкарска асоцијација како самостојно правно лице па се до 2019 година беше избрана Маја Андреевска-Блажевска од Стопанска банка АД Скопје.
На 19.06.2020 година Собранието на Македонска банкарска асоцијација го именува Глигор Пандиловски од Стопанска банка АД Скопје за претседавач на Комисијата за спречување перење пари и усогласеност со прописи.
За претседавач на Комисијата за сметководство, даноци и МСФИ од формирањето на Македонска банкарска асоцијација како самостојно правно лице беше избрана Ирена Кузманоска од Охридска банка АД Скопје. Нејзиниот мандат завршува поради престанок на работниот однос во Охридска банка АД Скопје и на нејзино место Собранието на 19.06.2020 година ја именува Донка Марковска од НЛБ банка АД Скопје.
Заменик претседавач на Комисијата за сметководство, даноци и МСФИ од формирањето на Македонска банкарска асоцијација како самостојно правно лице па се до 12.02.2020 година беше избрана Мирослава Смоковска од Централна Кооперативна банка АД Скопје.
На 19.06.2020 година Собранието на Македонска банкарска асоцијација ја избра Вики Тврдковиќ од Стопанска банка АД Скопје.
На 12.08.2020 година Гувернерот на Народната банка на Република Северна Македонија донесе Решение со кое ја укина дозволата за основање и работење на Еуростандард банка АД Скопје поради исполнување на условите за воведување на стечајна постапка во банката. Од 12.08.2020 година членки на Македонска банкарска асоцијација се сите 14 банки, 2 штедилници, Клириншка куќа Кибс АД Скопје и Македонско кредитно биро АД Скопје.
На 16ти јули 2021 г. со упис на статусната промена – присоединување и официјално заврши процесот на присоединување на Охридска банка АД Скопје кон Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје. Со ова интегрираната Шпаркасе Банка Македонија АД – Скопје, припаѓа во групата на големи банки заземајќи ја 4-та позиција на банкарскиот пазар.
За претседавач на Комисијата за ризици од формирањето на МБА беше именувана Билјана Момировска од Шпаркасе банка АД Скопје. Во истиот период за заменик претседавач на Комисијата за ризици е избрана Татјана Лескароска-Миноска од Комерцијална банка АД Скопје.
На 27.12.2022 година Собранието го продолжи мандатот на претседавачот Билјана Момировска и го именуваше Владимир Давчев од Халк банка АД Скопје за заменик претседавач на Комисијата за ризици.
Како прв претседавач на Комисијата за ликвидност е избран Емил Јакимов од Халк Банка АД Скопје, а за заменик претседавач на Комисијата е именувана Љубица Јанчевска Димитровска од НЛБ банка АД Скопје.
На Седницата одржана на 27.12.2022 година Собранието ја именува Антигона Буклеска-Младеновиќ од Комерцијална банка АД Скопје за претседавач на Комисијата, при што Емил Јакимов е новиот заменик претседавач на Комисијата за ликвидност.
Со Комисијата за платен промет во земјата и странство од самиот почеток претседаваше Весела Чурилова од Комерцијална банка АД Скопје, а како заменик претседавач беше именувана Благица Здравковска од УНИБанка АД Скопје.
По Седницата одржана на 27.12.2022 година нов претседавач на Комисијата е Благица Здравковска, додека заменик претседавач е Горан Купенков од Комерцијална банка АД Скопје.
Функцијата претседавач на Комисијата за документарно работење oд формирањето на Македонската банкарска асоцијација ја имаше Тони Трајковски од ХАЛК банка АД Скопје.
На 27.12.2022 година Собранието на Македонска банкарска асоцијација го именува Андреј Ефтимов од НЛБ банка АД Скопје за претседавач на Комисијата.
Претседавач на Комисијата за информативна сигурност од основањето на МБА е Живко Атанасов од Стопанска банка АД Битола. Заменик претседавач е Кристина Трпезановска од Прокредит банка АД Скопје.
На 27.12.2022 година Собранието го продолжи нивниот мандат нови 4 години.
На 05.7.2024 година Собранието на Македонска банкарска асоцијација го именува Ивица Ѓорѓевски од Стопанска банка АД Скопје за претседавач на Комисијата.
Зоран Грнчаровски од НЛБ банка АД Скопје ја извршуваше функцијата заменик претседавач на Комисија за финансиско реструктурирање на корпоративен долг од формирањето на комисијата на 22.7.2020 година до 01.5.2024 година.
М-р Тони Стојановски беше назначен за заменик-претседател на Македонската банкарска асоцијација на 20 април 2018 година, во рамки на основачкото Собрание на Асоцијацијата како самостојно тело за унапредување на заедничките интереси на банките и унапредување на нивното работење. Функцијата заменик претседател на Македонската банкарска асоцијација ја извршуваше се до јуни 2024 година, во согласност со Статутот на МБА.
Како магистер по економски науки во областа на монетарната економија и банкар со долгогодишно искуство на значајни позиции во Народната банка и комерцијалното банкарство, г. Стојановски има значителен придонес во развојот на банкарството во земјата како преку неговиот професионален ангажман како член на Управниот одбор на Стопанска банка АД – Скопје така и преку учеството во работата на Здружението на банкарството при Стопанската комора на Македонија кое постоеше пред формирањето на Македонската банкарска асоцијација, за што г. Стојановски имаше значајна улога. Членувал во Академскиот совет и Управниот одбор на Академијата за банкарство и информатичка технологија (од јуни 2014 година), во Надзорниот одбор на Стопанската комора на Р.С. Македонија (претседател од 2014 до 2018 година), во Одборот на директори на Македонска берза АД – Скопје (претседател, втор мандат од 2024 година) како и во Надзорниот одбор на Стопанска Лизинг ДООЕЛ Скопје (претседател од септември 2022 година).
Г. Стојановски покрај посветеноста во основањето на Македонската банкарска асоцијација активно учествува и во нејзината континуирана афирмација не само локално туку и пошироко. Неговите конструктивни дискусии на состаноците на асоцијативните членки на Европската Банкарска Федерација, значително придонесоа за подигање на угледот на Асоцијацијата.