ПРЕТСЕДАТЕЛСТВО

Маја Стевкова Штериева
Претседател на Македонската банкарска асоцијација

Д-р Маја Стевкова Штериева кариерата ја почнува во Комерцијална банка 1993 година и до 2002 година работи во различни сегмени кои овозможуваат заокужување на искуството во банкарското работење, почнувајќи од Секторот за односи со странство, Самостоен референт во Дирекцијата за средства и ликвидност, вклучително и во Службата за работа со хартии од вредност. Во 2002 година е назначена за Директор на Дирекцијата за управување со ризици, а во 2005 година за Директор на Секторот за управување со ризици и планирање. Од 2008 година ја извршува функцијата Главен финансов директор и член на Управниот одбор.

Образованието го има оформено на Економскоот фактултет при Универзитетот „Кирил и Методија„ во Скопје , каде во 2012 година станува доктор на науки со докторат на тема „Оперативен ризик и корпоративно управување во финансиски институции„.

Учесник е на повеќе семинари, форуми, конеференциии во земјата и странство, меѓу кои позначајна е тренинг Програмата за управување со ризици организирана од универзитетите Georgetown University Washington и UW, Wisconsin, USA. Член е на надзорниот одбор на КБ Прво АД друштво за управување со пензиски фондови, член е на УО на Стопанската комора, претседател е на Координативното тело за општествена одговорност на Комерцијална банка АД, како и поранешен претседател на УО на АБИТ.

Д-р Штериева е и предавач при економскиот факултет на Американ Колеџ Скопје, предавач на Програмата за управување со ризици и на Програмата за управување со кредитен ризик на Академијата за банкарство и информатичка технологија, Скопје.

Aктуелниот Главен финансиски директор и член на Управниот одбор на Комерцијална Банка АД Скопје доаѓа на местото на Коста Митровски.

Милена Перчинкова
Извршен секретар на Македонската банкарска асоцијација

М-р Милена Перчинкова е извршен секретар на Македонската банкарска асоцијација од самото основање. На оваа позиција доаѓа од Стопанската комора на Македонија каде ја извршуваше функцијата секретар на Здружението на банкарството и раководител на Советот на странски инвеститори.

М-р Перчинкова своето долгогодишно работно искуство во областа на банкарството го започнува во Комерцијална банка АД – Скопје, а подоцна се приклучува на тимот на Кредитна банка АД – Скопје, каде извршува раководни функции.

Во периодот од 2008 до 2016 година м-р Перчинкова е генерален директор и член на Управниот одбор на АЛФА банка АД – Скопје и СИЛК РОУД банка АД – Скопје.

Во текот на своето работење м-р Перчинкова придонесува за развојот на финансиските пазари во Република Северна Македонија, како претседател на АЦИ Македонија – Здружение за финансиски пазари (од 1997 до 2008 година).

Во периодот од 2012 до 2016 година е член на Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија.

М-р Перчинкова од 2013 до 2019 година е претседател на Одборот за соработка и доверба со јавноста на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, а од ноември 2017 година е член на Управниот одбор на Фондот за осигурување на депозити на Република Северна Македонија.