Втора седница на Собранието на Македонската банкарска асоцијација

niksa

КОНСТИТУИРАНИ КОМИСИИТЕ И ОДОБРЕН ПРОЕКТ ЗА ЕДУКЦИЈА НА МЛАДИ

Собранието на Македонската банкарска асоцијација на својата втора седница, одржана на 5.7.2018 година (четврток), со почеток во 11:00 часот, во новите простории, на улица Никола Кљусев, број 6, во Скопје, ги конституираше постојаните работни тела на Собранието и ја имплементираше заложбата за образование на младите за финансиските движења.

МБА на семинар на Управата за јавни приходи, Даночна академија

niksa

На семинарот на тема “Со рано идентификување и брзо реагирање кон долгот, до поефикасна наплата” организиран за вработени во Управата за јавни приходи, кој се одржа на 08.6.2018 година со своја презентација со наслов “Наплата и управување со ризични пласмани” учествуваа и претставниците на МАКЕДОНСКА БАНКАРСКА АСОЦИЈАЦИЈА Скопје, Мирко Аврамовски, директор на Сектор за наплата и Дејан Станковски, директор за специфични прашања во Сектор за наплата од Стопанска банка АД Скопје.

МБА домаќин на 46-от состанок на асоцијативнте членки на Европската банкарска асоцијација

niksa

На 27 и 28 мај 2018 во Скопје МАКЕДОНСКАТА БАНКАРСКА АСОЦИЈАЦИЈА Скопје беше домаќин на 46-тиот состанок на асоцијативните членки на Европската банкарска федерација.

МБА на семинар на Комората на извршители на Република Македонија

niksa

Горазд Поповски, Заменик претседавач на Правната комисија на Македонската банкарска асоцијација и Директор на Сектор за правни работи во Стопанска банка АД Скопје на семинарот организиран од Комората на извршители на Република Македонија на 19 мај 2018 година одржа презентација на тема “Осврт кон предлозите и забелешките на банкарскиот сектор кон предлог измените на Законот за извршување”.

Одржана првата седница на Собранието на Македонската банкарска асоцијација

niksa

РАЗГЛЕДАНИ АКТУЕЛНИ ПРАШАЊА ВО ВРСКА СО БАНКАРСКАТА РЕГУЛАТИВА

На првата седницата на МБА, одржана на 3.5.2018 година (четврток), со почеток во 11:00 часот, во просториите на Бизнис центарот на ХАЛК банка АД – Скопје, се утврдија основните карактеристики на МБА и беа разгледани најактуелните прашања во врска со банкарската регулатива во земјата.

Основачко Собрание на МАКЕДОНСКА БАНКАРСКА АСОЦИЈАЦИЈА Скопје

niksa

Основачко собрание на Здружение за остварување на заеднички интереси на банките и унапредување на нивното работење, МАКЕДОНСКА БАНКАРСКА АСОЦИЈАЦИЈА, се одржа на 20 април 2018 година во Скопје.