Деветта седница на Собранието на Македонската банкарска асоцијција

niksa

На својата деветта седница, одржана на 13.03.2019 година, Собранието на Македонската Банкарска Асоцијација, под претседателствување на Коста Митровски ги прифати Завршната сметка и Извештајот за работа за 2018 година на Македонската банкарска асоцијација.

Осма седница на собранието на Македонската банкарска асоцијација

niksa

Усвоенa програмата за работа, благодарност до најактивните

Последната, осма седница на Собранието во годината на своето етаблирање на општествената сцена, Македонската банкарска асоцијација ја одработи на 25.12.2018 година.

Шеста седница на собранието на МБА

niksa

Актуелноста на најавените законски промени на даночниот систем беа тема на шестата седница на МАКЕДОНСКАТА БАНКАРСКА АСОЦИЈАЦИЈА, одржана на 08.11.2018 во Скопје. Став на здружените банкари е дека предложените измени кои се однесуваат на одданочување на доходот од камати на депозити на граѓаните би требало да се одложат се до приемот на земјата во Европската Унија. Тоа би допринело до натамошен раст на штедењето, обезбедување на свеж капитал за стопанството и одржување на стабилноста на банкарскиот сектор.

Трета седница на МБА

niksa

МАКЕДОНСКАТА БАНКАРСКА АСОЦИЈАЦИЈА на третата седница, одржана на 22.8.2018 година, усвои правила за избор и обврски на референтни банки кои поставуваат котации на каматни стапки за пресметка на SKIBOR и за процесот на пресметување на SKIBOR. Правилата ќе започнат да се применуваат од 01.10.2018 година.

Втора седница на Собранието на Македонската банкарска асоцијација

niksa

КОНСТИТУИРАНИ КОМИСИИТЕ И ОДОБРЕН ПРОЕКТ ЗА ЕДУКЦИЈА НА МЛАДИ

Собранието на Македонската банкарска асоцијација на својата втора седница, одржана на 5.7.2018 година (четврток), со почеток во 11:00 часот, во новите простории, на улица Никола Кљусев, број 6, во Скопје, ги конституираше постојаните работни тела на Собранието и ја имплементираше заложбата за образование на младите за финансиските движења.

Одржана првата седница на Собранието на Македонската банкарска асоцијација

niksa

РАЗГЛЕДАНИ АКТУЕЛНИ ПРАШАЊА ВО ВРСКА СО БАНКАРСКАТА РЕГУЛАТИВА

На првата седницата на МБА, одржана на 3.5.2018 година (четврток), со почеток во 11:00 часот, во просториите на Бизнис центарот на ХАЛК банка АД – Скопје, се утврдија основните карактеристики на МБА и беа разгледани најактуелните прашања во врска со банкарската регулатива во земјата.