Разгледан предлог законот за данок на добивка

niksa

Комисијата за сметководство, даноци и МСФИ при Македонската банкарска асоцијација на состанокот одржан на 10.12. 2012 година го усвои деловникот за работа и го разгледа предлог законот за данокот на добивка. Комисијата со која претседава Ирена Кузманоска,раководител на дирекција за сметководство и даноци при Охридска банка АД Скопје, го разгледуваше и сметководствениот третман на надоместокот согласно Одлуката за изменување на одлуката за задолжителна резерва.