Комерцијална банка најуспешна во тргување

niksa

Светскиот магазин Global Finance, со седиште во Њујорк, САД, на Комерцијална банка АД Скопје ѝ ја додели наградата „Најдобар FX Провајдер за Република Македонија (Најдобар давател на услуги од областа на девизните пазари во Македонија за 2018 година)“. Ова е петто по ред признание за најуспешно работење на Комерцијална Банка АД Скопје во доменот на тргување со финансиски инструменти во Република Македонија, доделено од Global Finance.