Д-р Маја Стевкова Штериева прв човек на Македонската Банкарска Аоцијација

niksa

Д-р Маја Стевкова Штериева e нов претседател на Македонската Банкарска Асоцијација. Aктуелниот Главен финансиски директор и член на Управниот одбор на Комерцијална Банка АД Скопје доаѓа на местото на Коста Митровски, кому според статутот на Македонската банкарска асоцијација поради престанок на неговата функција како член на управен одбор на банка предвреме му заврши мандатот. Ова е и единствената одлука на 11 седница на Собранието на МБА.