Втора седница на Собранието на Македонската банкарска асоцијација

КОНСТИТУИРАНИ КОМИСИИТЕ И ОДОБРЕН ПРОЕКТ ЗА ЕДУКЦИЈА НА МЛАДИ

Собранието на Македонската банкарска асоцијација на својата втора седница, одржана на 5.7.2018 година (четврток), со почеток во 11:00 часот, во новите простории, на улица Никола Кљусев, број 6, во Скопје, ги конституираше постојаните работни тела на Собранието и ја имплементираше заложбата за образование на младите за финансиските движења.

На седницата беа избрани претседавачите и замениците-претседавачи на комисиите кои делуваат како постојани работни тела во рамките на Македонската банкарска асоцијација.

Собранието усвои Правила за објавување национална референтна каматна стапка – НРКС.

Воедно, беше прифатен предлогот за учество во Проектот на Европската банкарска федерација за финансиска едукација „Европски квиз за пари“, кој е наменет за едукација на ученици од 13 до 15 години.

previous arrow
next arrow
ArrowArrow
Slider
niksa

About niksa