МБА апелира сите членки да се вклучат во „Купи куќа, купи стан”

Претседателот на Македонската банкарска асоцијација, Коста Митровски апелираше до банките членки на асоцијацијата кои досега не се вклучени во програмата „Купи куќа, купи стан”, тоа да го сторат. Истакнувајќи дека со тоа ќе се обезбедат подобри услови за граѓаните, Митровски ги поздрави измените на условите за добивање на субвенционирани станбени кредити, измени подготвени од Министерството за финасии, а презентирани од министерот Драган Тевдовски. Засега половина од членките на МБА, во чии простории се одржа презентацијата, се вклучени во овој проект.

Најголема новина на овој проект е намалување на каматните стапки. Во првиот модел во првите три години каматната стапка од 3,95% се намалува на 2,9%, а во следните два од 4,44% на 3,9 %, што во моментов се најмали камати на пазарот.

– Ако земете кредит од 50.000 евра сега граѓаните ќе заштедат 1.300 евра, истакна Тевдовски.

Министерот посочи и на измени во моделот „Учество„, како и во моделот „Купи стан за млади„ каде во првите пет години ќе се субвенционира 70% од месечната рата или 70% од учеството. Едногодишна субвенција на месечната рата во висина од 30% ќе добие секое семејство корисник на кредитите за секое родено или посвоено дете, дополни Тевдовски.

Најавени се и воведување на ограничување на големината на становите и куќите за да се избегне финансирање на луксуз.



previous arrow
next arrow
ArrowArrow
Slider
niksa

About niksa