МБА домаќин на 46-от состанок на асоцијативнте членки на Европската банкарска асоцијација

На 27 и 28 мај 2018 во Скопје МАКЕДОНСКАТА БАНКАРСКА АСОЦИЈАЦИЈА Скопје беше домаќин на 46-тиот состанок на асоцијативните членки на Европската банкарска федерација.

На состанокот кој го отвори и водеше Вим Мијс, претседател на Европската банкарска асоцијација, присуствуваа претставници на банкарски асоцијации асоцијативни членки и членки на Европската банкарска асоцијација од повеќе земји – Азарбеџан, Босна и Херцеговина, Бугарија, Германија, Турска, Хрватска, Чешка.

Претседателот на МАКЕДОНСКАТА БАНКАРСКА АСОЦИЈАЦИЈА, Коста Митровски ги поздрави присутните и ги запозна со планираните активности на МАКЕДОНСКАТА БАНКАРСКА АСОЦИЈАЦИЈА како единственото правно лице и облик на здружување преку кое банките и штедилниците дејствуваат во остварувањето на своите цели и задачи.

Тони Стојановски, Заменик претседателот на МАКЕДОНСКАТА БАНКАРСКА АСОЦИЈАЦИЈА во работниот дел имаше презентација на тема “Макроекономски податоци и развој на банкарскиот сектор во Република Македонија”

На вечерата организирана за гостите покрај претставниците на Управните одбори на банките и поранешниот гувернер Димитар Богов присуствуваше и д-р Драган Тевдовски Министер за финансии во Владата на Република Македонија.

previous arrow
next arrow
ArrowArrow
Slider
niksa

About niksa