10 години јубилеј на Шпаркасе Банка во Македонија

По повод одбележувањето на првата деценија од банкарското работење во Р. Македонија, Шпаркасе Банка на ден 3.11.2018 година организираше неколку едукативни трибини и хуманитарни активности, во кои беа вклучени претставници од менаџментот, како и дел од вработените во Банката.

Во рамките на сензорната градина на Државното училиште за рехабилитација на деца и млади со оштетен вид „Димитар Влахов“ во Скопје беа засадени 10 садници, кои симболично ги означуваат 10-те години јубилеј на Шпаркасе Банка Македонија. Со оваа хуманитарна акција вработените и менаџментот на Банката придонесоа за дополнително збогатување на сензорната градина и разубавување на просторот достапен за учениците од ова училиште.

Истиот ден се одржаа две едукативни трибини, во исто време, на две различни локации. Во просториите на „Јавна соба“ се одржа едукативна трибина на тема „Улогата на малите бизниси и поддршка од банките за нивниот развој“, додека на трибината во гимназијата „НОВА“ се зборуваше за „Улогата на финансиските институции во развојот на претприемништвото и пристапот до фондовите“. Говорници и на двете теми беа реномирани претставници од Штаермаркише Шпаркасе Групацијата и од домашната финансиска фела.

На настанот во „Јавна соба“ свое поздравно обраќање имаше г. Саша Боко, член на Управниот одбор на Шпаркасе Банка Македонија, додека на панел-дискусијата на темата зедоа учество и г. Сава Далбоков, член на Управниот одбор на Штаермаркише Шпаркасе и претседател на Надзорниот одбор на Шпаркасе Банка Македонија, како и г. Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Р. Македонија. Г-ѓа Марија Матовска, национален координатор на Наградата за социјално претприемништво, говореше на темата „Улогата на банките во развојот на социјалното претприемништво“. Во просториите на гимназијата „НОВА“, едукативната трибина со свое обраќање ја отвори г. Иван Новаковски, менаџер на меѓународното училиште „НОВА“, а панелисти на темата беа и д-р Георг Бухер, член на Управниот одбор на Штаермаркише Шпаркасе Банка, и г-ѓа Дијана Десподов, извршен директор на Американската стопанска комора на Македонија.

Трибините претставуваа одлична можност за споделување важни препораки и насоки за унапредување на развојот на малите бизниси како една од алтернативите за поголем економски развој и секако за охрабрување на младите претприемачи да преземат иницијатива и со поддршка на банките како Шпаркасе Банка да ги реализираат своите бизнис-идеи и да изградат успешни приказни во Македонија.

previous arrow
next arrow
ArrowArrow
Slider
niksa

About niksa