Благодарници за особен придонес за Европскиот квиз на парите

Претседателот на Македонската банкарска асоцијација Коста Митровски, на пригодeн настан во просториите на Асоцијацијата, вчера врачи благодарници за особен придонес за успешното организирање на националниот натпревар во рамки на Европскиот квиз на пари.

Благодарници им се доделени на главната економистика Анета Крстевска и специјалистот за односи со јавноста Иван Антоновски од Народната банка, Ивана Бољат виш советник од Комисијата за хартии од вредност и Миодраг Раденков, Советник во Сектор за информатичка технологија од Стопанска банка АД – Скопје, коишто со своето професионално ангажирање придонесоа Европскиот квиз на пари во земјава да биде организиран со успешност којашто и ги надмина првичните очекувања. Истовремено, благодарница ѝ е доделена и на компанијата МЛ-Гари ДОО од Скопје, чиј производ е природната минерална вода „Маја“. Организацијата на националниот натпревар, оваа компанија ја поддржа со спонзорство.

Европскиот квиз на пари за првпат се организираше кај нас. Викторија Панова и Марко Инѓилизов од гимназијата „Кочо Рацин“ од Велес ќе ја претставуваат нашава земја на европското финале коешто ќе се одржи во Брисел, на 7 мај годинава. На националниот натпревар учествуваа 142 тима од 63 основни и средни училишта од целата земја.

 

previous arrow
next arrow
ArrowArrow
Slider
niksa

About niksa