Македонската Банкарска Асоцијација ги награди вицешампионите

Вицешампионите на Европскиот квиз на пари, Викторија Панова и Марко Инѓилизов, како и нивниот ментор Марјан Стојановски од гимназијата „Кочо Рацин“ од Велес, за извонредниот успех на финалето во Брисел (Белгија), добија пригодни подароци од иницијаторот и организаторот на Квизот на пари во нашата земја, Македонската банкарска асоцијација.

На пригоден настан, во присуство на претседателката Д-р Маја Стевкова Штериева, потпретседателот Тони Стојановски и поранешниот претседател Коста Митровски, велешките гимназијалци на подарок добија лап-топ компјутери, а нивниот ментор таблет.

Панова и Инѓилизов прво победија на националниот натпревар на кој учествуваа над 3.000 деца од основни и средни училишта од целата земја, а потоа на дебито на Европскиот квиз на пари го освоија второто место. На квизот од цела Европа се натпреваруваа околу 100.000 врсници на младите велешани.

Европскиот квиз на пари е наменет за финансиска едукација на младите од 13 до 15 години.

niksa

About niksa